Најмалку четири лица се пренесени во болница поради вдишување чад од пожарот во Светскиот трговски центар во Хонг Конг.
Околу 300 луѓе останаа заробени на покривот на 38-катната зграда во прометниот трговски кварт Козвеј Беј, додека околу 160 луѓе беа евакуирани од зградата.
#Breaking A massive fire has broken out at Hong Kong’s World Trade Center. At least two has injured, while Hong Kong media say around 160 people are trapped. Firefighters are on the scene. We’ll bring you more details as soon as they become available. #HongKong pic.twitter.com/3aSBfVKLLz
— China Takeaway (@China24Official) December 15, 2021
Според „South China Morning post“, полицијата соопштила дека седум лица се пожалиле на проблеми со дишењето поради чадот, од кои четворица биле испратени во болница.
Прелиминарната истрага покажа дека пожарот избувнал во просторија со електрични инсталации, на долниот кат, од каде пожарот брзо се проширил врз скелето од надворешната страна на објектот, до скалите внатре.
Update
.#HongKong world trade center 🔥
Report says there are ladders for rescue in different places. According to on-site news, many elderly people were forced to stay in a small space on the 5th floor platform https://t.co/LBXZk0L1jG pic.twitter.com/RpchAO0jfJ
— Cyber_Viper☢️ (@Kaala_Nag) December 15, 2021
Светскиот трговски центар во Хонг Конг, кој функционира како комплекс на трговски центар и деловен простор, веќе неколку месеци работи на реновирање на зградата, поради што сите продавници се испразнети.
Работеле само ресторани меѓу шестиот и 13-тиот кат, како и канцелариите меѓу 14-от и 38-от кат. Пожарот избувнал за време на ручек.
BREAKING: More than 300 people trapped inside Hong Kong’s World Trade Centre after fire breaks out.#HongKong #HongKongers pic.twitter.com/EkNZ3bY40l
— INDEPENDENT PRESS (@IpIndependent) December 15, 2021
Пожарникарите се борат со огнот со два водени млазови и делеле апарати за дишење користејќи скали кои се користат за спасување на луѓето во зградата, соопшти владата во Хонг Конг.
Фото: Твитер/China Takeaway