Мишо Ковач повторно во болница: Позитивен на корона, му се слошило преку ноќ – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 8:46 AM

Мишо Ковач повторно во болница: Позитивен на корона, му се слошило преку ноќ

Пред само неколку недели Мишо Ковач (80) беше пуштен од сплитската болница, каде беше хоспитализиран поради воспаление на белите дробови и висока температура, но пејачот повторно завршил во болница во Сплит, бил позитивен на коронавирус.

Освен него, позитивна е и неговата сопруга Лидија, како и неговата ќерка Ивана. Здравствената состојба на Мишо се влошила во текот на ноќта, па пред неколку дена итно бил префрлен во болница каде бил приклучен на респиратор. За среќа, откако добил кислород, состојбата се подобрила и вчера бил пуштен на домашна нега.
Слободна Длмација дознавме и дека Мишо, Лидија и Ивана не биле вакцинирани против коронавирус.

Мишо кон средината на октомври заврши во болница.

–  Тато нема никакви респираторни проблеми, како што сугерираа некои. Едноставно, често е под контрола, а сега се е во ред и затоа сум многу, многу среќна, изјави Ивана.

Извор: slobodnadalmacija.hr