Отсечени граничните полицајци оставени без вода и струја тврди Синдикатот – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 8:40 AM

Отсечени граничните полицајци оставени без вода и струја тврди Синдикатот

Независниот синдикат на полицијата за денеска закажа прес конференција на која ќе зборуваат за поплаките што стигнуваат од нивните членови кои се наоѓаат на најкрајните точки на македонската граница. Синдикатот оценува дека има целосно затајување на системот на логистика во поголемиот дел на полициските станици за граничен надзор, а граничните полицајци се неколку дена отсечени од цивилизација.

-Полициските станици за граничен надзор кои се наоѓаат на западната страна на Републиката неколку дена се без вода, без струја, без приоден пат до самите објекти на полициските станици, а и без храна и неможност за замена на персоналните состави како смени на полициските станици, соопштија од Независниот полициски синдикат.