Радости на снег – Денес и утре скијање без пари на Попова Шапка – ММС
ММС

Објавено на: 12/15/21 8:27 AM

Радости на снег – Денес и утре скијање без пари на Попова Шапка

Министерствата за животна средина и просторно планирање и за економија, во соработка со „Елем Турс“, денеска ќе го спроведат настанот „Шарска белина – шарска убавина“  –  отворање на Скијачката сезона во Ски- центарот „Попова Шапка“, на паркингот над хотел Славија на Попова Шапка.

Со настанот ќе се означи почетокот на скијачката сезона во новиот НП „Шар Планина“ и по тој повод ќе биде промовиран Планот за управување со националниот парк, што е во финална фаза на изработка и за кој што допрва ќе следуваат консултации со јавноста, како и оставарувањата и плановите за развој на инфраструктурата во овој туристички центар.

Среда и четврток се бесплатни денови за скијање и користење на ски-лифтовите и жичниците во Ски-центарот, кој ќе работи од 9:00 до 15:30.

На денот на отворањето, во функција ќе бидат ставени и шестоседата жичница, Ски-лифтот „Ајдучка рамнина 1“ – ГЕ, Ски-лифтот „Бабин Извор“ – Аеродром, Ски-лифтот „Поток 1“ – Тететкс, Ски-лифтот „Поток 2“ – Тететкс, Двоседа жичница „Св. Илија“ и Двоседа жичница „Син врв“ – Церипашина.

Во текот на сезоната ќе биде ставен во функција и ски-лифтот „Ајдучка рамнина 2“ – ГЕ.

Првпат оваа година, ски-сезоната се отвора откако Шар Планина е прогласена за Национален Парк.

Првпат во историјата на Попова Шапка ќе се гради најголемиот снежен парк во регионот, место за љубителите на адреналинските спортови.

Претстојната сезона е решено прашањето за паркиранг за посетителите на Ски-центарот „Попова Шапка”. Со користење на овие паркинг места се добиват дополнителни 250 до 300 паркинг места, што овозможува да се спречи создавањето на сообраќајниот хаос кој го има сособено за време на зимската сезона. Исто така, се планира во време на викендите кога посетеноста е најголема, а возилата се паркираат и по неколку колометри подалеку, да биде воведен бесплатен автобус за превоз на посетителите до скијачките терени.

MIAМИА

Преземени се сите мерки за безбедно скијање со обезбедување на ски-патеките, но и со почитување на здравствените протоколи. За првпат оваа сезона во функција е Info&SOS бесплатен телефонски број, на кој посетителите, во секое време можат да добијат сервисни информации или да побараат помош доколку се најдат во неволја. Во целиот Ски-центар, на соодветни места поставени се информации за Правилата и забраните за скијање и однесување на ски-патеките заради безбедност на самите скијачи. Билетарите, вкупно пет, се видно обележани и се поставени на соодветно место со цел да се избегнат големите гужви што беа честа глетка изминатите скијачки сезони. Исто така, заштитени и обележани се местата за најмалите санкачи во Ски-центарот.

МИА