Компанијата „Адоуб“ спроведе социолошко истражување околу тоа кои фрази во електронските пораки намногу ги нервираат примателите, во коешто учествувале над илјада Американци.
За една четвртина од испитаниците, најиритирачки е изразот „Не сум сигурен дека вие сте ја виделе мојата последна порака”. На второ место на листата е фразата „во моето последно писмо“, којашто ги нервира 13 отсто од Американците.
Следат: „Во нашиот разговор“ (11 отсто), „Има новости по ова прашање“ и „Се извинувам за двојната адреса на електронската пошта“.