Тринаесет возила за вршење на јавен превоз во текот на вчерашниот ден од страна на Полицијата биле упатени во станица за технички преглед. Кај две возила утврдена е техничка неисправност, утврдени се и други неправилности.
„На 13.12.2021, во периодот од 08.00 до 14.00 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола во областа на сообраќајот, при што 13 возила кои вршат јавен превоз на патници биле упатени во станица за технички преглед. Притоа, кај 2 возила била утврдена техничка неисправност, 2 биле со недостатоци на опрема, 2 со измината важност на сообраќајната дозвола, едно нерегистрирано возило и едно со други недостатоци, додека едно од упатените 13 возила, не се јавило во станица за технички преглед, Санкционирани биле и 15 други видови на прекршоци од кои 6 за управување возило без возачка дозвола, една за неносење возачка дозвола, 2 за некористење сигурносен појас и 6 за непрописно паркирање. Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови,“ информираат од СВР Штип.
Од тука апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Полициски акција имаше и денес. Во периодот од 07.00 до 10.00 часот на подрачјето на СВР Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 16 прекршоци, од кои 9 надвор од населено место и 7 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.