Жива е и веруваме дека триумфално ќе се врати – Ким Катрал повторно во серијата „Секс и градот“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 11:18 AM

Жива е и веруваме дека триумфално ќе се врати – Ким Катрал повторно во серијата „Секс и градот“

По продолжувањето на серијата „Секс и градот“ овојпат под наслов „И исто како тоа“, Ким Катрал не се појави во првата епизода и тоа го разгневи фановите на социјалните мрежи.

Коментарите кои се најбројни се оние кои се незадоволни од невештото објаснување на отсуството на Ким Катрал која одлучи да ги поддржи коментарите со лајкови што се протолкува дека и таа слично размислува.

Нејзиното заминување е објаснето во првите неколку минути од првата епизода на „And Just Like That’s“. Во сцената Кери Бредшо, Шарлот Јорк-Голденблат и Миранда Хобс повторно се собираат за ручек првпат по пандемијата. Актерките наидуваат на уште една познаничка која ги прашува: „А каде ви е четвртиот мускетар? Каде е Саманта?“.

„Хм, таа не е повеќе со нас“, одговори Шарлот појаснувајќи дека Саманта се преселила во Лондон поради својата работа во односи со јавноста.

Подоцна во друга сцена Миранда забележува дека се чувствува како Саманта да е мртва бидејќи не зборуваат повеќе за неа. Кери тогаш им открива дека двете се скарале и таа ја отпуштила Саманта како свој публицист.

Инсајдер откри дека Кери на крајот од сезоната ќе направил голем гест за да ја врати Саманта.

„Кери е таа на која и тешко без Саманта, а до крајот на серијата ќе видите како Кери и пружа маслиново гранче и се обидува да го обнови пријателството“.

Извори на медиумот велат дека Саманта Џонс е еден од најомилените телевизиски ликови на сите времиња, а Ким Катрал е феноменална актерка и затоа ќе биде вратена поради фановите кои ја обожуваат.

Извор: B92.net