Производителот на оригиналните Моцарт топчиња, компанијата „Salzburg chocolate“, која пријавила несолвентност, ќе биде спасен, бидејќи компанијата „Heidi chocolate“ решила да го купи.
Две недели откако производителот на „Моцарт топчиња“ поднесе барање за стечај поради намалени приходи поради пандемијата на коронавирус, семејството Хармер, сопственик на „Салцбург чоколадо“, го предаде уделот на нов инвеститор.
Новиот сопственик сега треба да подготви план за санација, во кој ќе треба да се вклучат мерки за рационализација, но од компанијата се надеваат дека тоа ќе помине без да се намали бројот на вработени, кој во моментов е 130.
Ликвидноста на компанијата е обезбедена со добиениот кредит. Останува да даде согласност американскиот концерн „Монделез“, кој има право на брендот „Вистински Салцбург Моцарт топки“, а за кој претходно произведуваше австриската компанија.
Пандемијата со ковид ковид-19 силно го погоди производителот на „Моцарт топчиња“, а тоа се одрази и на билансот кој евидентира долг од околу 27 милиони евра.
Инаку, „Хајди чоколадо“ веќе спаси еден австриски производител на кондиторски производи, компанијата „Нимец“, која го произведува познатиот „Шведенбомбен“ во Австрија.
Извор и фото : rts.rs