Приведен криумчар од Србија, шверцувал 28 мигранти во „фиат дукато“ – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 10:59 AM

Приведен криумчар од Србија, шверцувал 28 мигранти во „фиат дукато“

На автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициска станица Гевгелија го лишиле од слобода К.А.(20) од Прешево, Република Србија. При преглед во товарно возило „фиат дукато“, со српски национални ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени 28 лица – мигранти. Од нив, 25 биле од Куба (20 полнолетни и 5 малолетни лица) и 3 од Индија, информираат од МВР .

Претходно, во 19.20 часот на автопатот на место викано „Нова петла“ во близина на Гевгелија, тој не застанал на даден знак од полициски службеници, а откако бил стигнат, запрел, го напуштил возилото и се обидел да избега, но бил фатен и лишен од слобода. Мигрантите биле пренесени во прифатниот центар „Винојуг“ во Гевгелија, а К.А. бил задржан во Полициска станица Гевгелија.

Во координација со Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.