Над 500 гимнастичарки кои сексуално ги злоставувал тимскиот лекар на САД ќе добијат оштета од 380 милиони долари – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 9:31 AM

Над 500 гимнастичарки кои сексуално ги злоставувал тимскиот лекар на САД ќе добијат оштета од 380 милиони долари

Над 500 гимнастичарки кои биле сексуално злоставувани од Лоренс Насар, поранешен лекар на американската репрезентација, би можеле да добијат отштета од 380 милиони долари од Американската гимнастичка федерација и Американскиот олимписки и параолимписки комитет, објави Њујорк Тајмс.

Со тоа би се затворило последното поглавје на еден од најголемите скандали во историјата на американскиот спорт. Договорот за спогодба беше објавен во текот на судската постапка во Индијана. Средствата, исто така, ќе ги обештетат олимписките победнички Симон Билс, Мекејла Марони и Али Рајсман.

Жртвите страдале од анксиозност, депресија и посттрауматско стресно растројство, додека некои од нив се обиделе да се самоубијат поради злоставувањето од Насар, извршено под изговор за лекување.

МИА

фото: edition.cnn.com