„Плачевме, па се смеевме, сепак, најважно е да сме живи и здрави“ – Сестрите Маријана и Росана заедно наполнија 114 години – ММС
ММС

Објавено на: 12/14/21 9:48 AM

„Плачевме, па се смеевме, сепак, најважно е да сме живи и здрави“ – Сестрите Маријана и Росана заедно наполнија 114 години

Заедно полниме 114 години! Вака велат познатите сестри близначки, Маријана и Росана, кои се наоѓаат на два различни континенти, па важните датуми во нивните животи, како што им се и родендените, ги слават одвоено.

Бидејќи заради далечината не можат да се гушнат и да си посакаат само убавини, двете пејачки вируелно се прегрнаа и си ги искажаа најубавите желби.

Поради временската разлика од 10 часа, прва честиташе Росана. Таа на својот Фејсбук профил прва на Маријана и порача:

– Душичке моја најмила, најдобра и најпозитивна. Нека годините ти се множат во здравје, среќа, а се друго ќе си дојде само по себе. Ние сме побогати со внучиња кои безрезервно си ги сакаме. Во ова лудило и време -невреме единствено е важно здравјето и позитивност. Јас со сигурност знам дека ти, ние тоа го можеме, без оглед на камшикот кој го почуствувавме во нашите животи. Твојата насмевка и позитивност нека зрачат и понатаму. Те сакам повеке од себе. Среќен роденден душо моја, напиша Росана.

Но, 10 часа подоцна од Австралија стаса порака за Росана.

-Срекен роденден сестро, сонце, душо и срце мое. Нека и овој ден и секој нареден биде твој секогаш исполнет со љубов , срека и насмевка.Ти си мое се, напиша Маријана.

-А што да правиме кога животот не раздели. Пандемијата, пак, уште повеќе бидејќи не може да се патува. Во нашиот живот последниве години се случуваа и лоши, но и многу убави момнти. И двете станавме баби, си добивме внучиња ама големата среќа пак моравме да ја споделуваме вака, преку Фејсбук. Не можеме да се видиме. На камера ќе си направиме муабет, ќе си се изнаплачеме, што од тага што сме далеку, што од среќа што станавме баби. Тоа е, кога не можеш да смениш ништо, ќе се навикнеш да живееш на далечина. Така беше и сега. Плачевме, па се смеевме, сепак, најважно е да сме живи и здрави, велат сестрите за ММС.

(В.М.)

Фото: Фејсбук