Навивачи прекинаа натпревар од Копа Либертадорес – ММС
ММС

Објавено на: 08/29/18 8:35 AM

Навивачи прекинаа натпревар од Копа Либертадорес

Поради дивеење на навивачите на домашната екипа, натпреварот меѓу бразилски Сантос и аргентински Индепендиенте не ја дочека својата завршница.

Фановите на Сантос фрлаа факели кон резервната клупа на аргентинскиот тим, а потоа се обидоа да влезат на терен, па судијата се одлучи да го прекине мечот на осум минути пред крајот.

И пред синоќешниот натпревар низ улиците на градот имаше инциденти, а еден навивач беше прободен со нож.

Мечот беше од осминафиналната фаза во Копа Либертадорес. Во четвртфиналето оди Индепендиенте, а Сантос го очекува казна.