(ВИДЕО) Необичен инцидент во Непал – Патници морале да го туркаат авионот на кој му се дупнала гума – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 11:32 PM

(ВИДЕО) Необичен инцидент во Непал – Патници морале да го туркаат авионот на кој му се дупнала гума

Многу необичен инцидент од пистата на непалскиот аеродром предизвика големо внимание на социјалните мрежи. На видеото од 25 секунди се гледа како патниците и екипажот го туркаат авионот на пистата.

Според „Nepal News“, необичен настан е снимен на аеродромот Баџура во Колтија во западен Непал, на околу 700 километри од главниот град Катманду.

На авионот „Тара Ера“ му се дупнала гумата на задниот дел на авионот при слетувањето и останал блокиран на средината на пистата. Очигледно немаше друго решение, освен патниците, екипажот и вработените на аеродромот заедно да го тргнат авионот од пистата.

Извор: Ртс.рс