Испукани раце, усни, пети – Како правилно да ја негувате кожата во зима – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 11:02 PM

Испукани раце, усни, пети – Како правилно да ја негувате кожата во зима

Зимата пристигна, студените, врнежливите и ветровитите денови ги има се повеќе и повеќе, а тоа после долг период на суво и топло време може негативно да влијае на вашата кожа.

Испукани усни и пети, чешање на кожата и суви раце се едни од најчестите симптоми кои се јавуваат во постудениот период од годината. Што можете да направите за ја спречите оваа појава?

Сувите усни се многу чести во зима, а тоа на крајот може да доведе до испукани усни, рани и крварење. Помага и честото нанесување на балсами за усни, кармин со заштитен фактор, а задолжително треба да се избегнува честиот и долг престој надвор на ветровито време. И на крај, не ги лижете усните бидејќи тоа само ќе ја влоши ситуацијата.

Испуканите пети знаат да бидат многу болни и непријатни, а причина за оваа појава е сувата кожа. Појавата на плускавци на рабовите на стапалата не придонесува за ситуацијата, што може да доведе до инфекции и отежнато одење. Превенција е редовна нега на стапалата, нанесување креми кои нема да дозволат кожата да се исуши.

Вашите раце се најмногу изложени на студениот воздух во текот на зимата, а ако не носите ракавици секогаш кога сте надвор, тие лесно можат да станат суви и испукани. Честото миење на рацете помага да се отстранат бактериите и вирусите кои се чести во студениот период, но истовремено дополнително ги суши рацете. Затоа, важен е вистинскиот избор на сапун. Се претпочитаат поблаги и помрсни, како и сапуни богати со разни масла.

Од производите за нега на кожата во постудениот период се препорачуваат мрсни креми и вазелин, а најдобро е да ги нанесувате после туширање.

 

Извор: informer.rs