Правиме јајца и житарки, ние сме од средната класа – Џо Бајден и првата дама на САД сами си подготвуваат појадок во Белата куќа – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 7:30 PM

Правиме јајца и житарки, ние сме од средната класа – Џо Бајден и првата дама на САД сами си подготвуваат појадок во Белата куќа

Американскиот претседател Џо Бајден откри дека тој и неговата сопруга Џил Бајден сами си подготвуваат „јајца“ и „сами си ги истураат житарките“ по будењето наутро, за време на неговото прво појавување во шоуто „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“.

Бајден (79) сака светот да знае дека тој и првата дама Џил (70) се уште се скромни, иако живеат во најпознатата куќа во Америка. При гостувањето во споменатата емисија, претседателот открил дека побарале од кујнскиот персонал во Белата куќа да им дозволат сами да го подготват појадокот и покрај тоа што некој друг може да го направи тоа наместо нив.

„Џил и јас доаѓаме од средната класа. Двајцата завршивме факултет и работевме како машини… во секој случај, крајниот резултат е тоа што не сме навикнати да нè опслужуваат други“, му објаснил Бајден на водителот.

„И така, има некој во Белата куќа кој ќе ви подготви појадок или некој што ќе ви ја спакува облеката или некој што ќе ви ја земе торбата. Сега имаме договор. И тие се одлични“, продолжи тој.

„Момците кои ја водат кујната на вториот кат не мора да ни прават појадок. Нема потреба затоа што можеме сами да си направиме јајца или да истуриме житарки во чинија“.

Сепак, тој призна дека Џил му подготвува јајца, бидејќи неговите кулинарски вештини се „ограничени“.

Извор: Б92.нет

Фото: Инстаграм