РКЕ: Бензините поскапуваат за два, а дизелот за 1,5 денар – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 1:11 PM

РКЕ: Бензините поскапуваат за два, а дизелот за 1,5 денар

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за два, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, според денешната одлука.

Според тоа, ЕУРОСУПЕР БС – 95 од утре ќе се продава за 73 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 75, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 64,50, а Екстра лесното масло за греење ќе чини 64,50 денари за литар.

За 1,526 денари се зголемува и цената на Мазут М-1 НС, и еден килограм ќе се продава за 40,053 денари.

Во изминатиот седумдневен период референтните цени на светските берзи во просек бележат зголемување: кај бензинот за 5,848 отсто , кај дизелот за 4,015 отсто , кај екстра лесното масло за 5,285 отсто и кај мазутот за 4,763 отсто. Во истиот период курсот на денарот во однос на доларот е повисок за 0,31 отсто.