Погрешно ги измешаа топчињата и извлекоа невозможен пар – УЕФА ќе ја повтори ждрепката за Лигата на шампионите – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 1:01 PM

Погрешно ги измешаа топчињата и извлекоа невозможен пар – УЕФА ќе ја повтори ждрепката за Лигата на шампионите

Извлечени се двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите, но на ждрепката во Швајцарија се случи огромен гаф среде пренос во живо поради кој ждрепката ќе биде повторена во 15 часот.

Руската фудбалска ѕвезда Андреј Аршаван на почетокот го извлече парот Вилјареал – Манчестер Јунајтед. Тоа немаше да биде чудно ако овие две екипи не играа заедно во групната фаза, односно имаа право да се сретнат повторно во нокаут-фазата.

Организаторите на ждрепката веднаш ја увидоа грешката и се извинија на фудбалската јавност. Мајкл Хеселшверд, директор на УЕФА за клупски натпреварувања посрамотрено климаше со главата откако се сличи гафот.

“По техничкиот проблем со софтверот на надворешниот соработник кои ги известува службените лица кој клуб со кој противник може да се сретне направена е материјална грешка и по што се донесе одлука за повторување на жрепката”, се вели во официјалното соопштение на УЕФА.

Во осминафиналната фаза најголемо дерби требаше да биде двобојот Манчестер Јунајтед – ПСЖ, односно дуелот помеѓу Кристијано Роналдо и Лео Меси, двете спортски икони кои ги одбележаа последните две децении во Лигата на шампионите.

Атлетико Мадрид се падна со Баерн Минхен, а во останатите двојки фаворитите добија полесни задачи: Бенфика – Реал Мадрид, Вилјареал – Манчестер Сити, Салзбург – Ливерпул, Интер – Ајакс, Спортинг Лисабон – Јувентус и Челзи – Лил. Но, ова паѓа во вода поради скандалозната одлука на УЕФА да ја повтори ждрепката.

 

Извор: UEFA/gol.hr

Фото: footmercato.net/