Македонија е седма според индексот за политика за дроги во светот – ММС
ММС

Објавено на: 12/13/21 10:59 AM

Македонија е седма според индексот за политика за дроги во светот

Во првото издание на Глобалниот индекс на политика за дроги кој беше објавен од страна на Конзорциумот за намалување штети (Harm Reduction Consortium) најголем број од земјите во светот не успеале своите национални политики за дроги да ги усогласат со препораките на  Обединети Нации, а Македонија е на седмото место според овој индекс.

Глобалниот индекс на политика за дроги (The Global Drug Policy Index) е првата глобална анализа заснована на докази  на глобалните политики за дроги и нивната имплементација.  Таа се состои од 75 индикатори кои се однесуваат на пет широки аспекти на политиките на дроги: казнено-правен систем, екстремни реакции, здравство и намалување на штети, пристап до меѓународно контролирани лекови и развој. Овој систем покажува колку политиките за дроги на една земја се усогласени со принципите  на Обединетите нации за човекови права, здравство и развој.

Република Северна Македонија е рангирана на 7 место во рамките на опфатените 30 земји. Пред Македонија се Грузија на шесто место со ист број на бодови, потоа Канада, Австралија, Велика Британија,Португалија, Нов Зеланд и Норвешка на прво место. Од европските земји кои се полошо оценети од Македонија се Унгарија на 12 место и Русија на 20 место.

“Ова 7 место не треба да се гледа како успех за Северна Македонија која беше оценета со 55  од 100 можни бодови. Во секој учебник индексот 55 не се оценува како добро постигнување.  Посебно ако се земе во предвид и друштвото односно групата на земји кои беа оценувани од  кои поголемиот дел се познати по своите лоши политики за дроги. Овој индекс треба да се чита во насока дека македонската влада и институции имаат уште многу работа за креирање на содветна политика за дроги која ќе се базира на здравјето и човековите права “ изјаувуваат од ХОПС – Опции за здрав живот Скопје.

Во Македонија, Бразил, Колумбија, Киргистан и Мексико вклученоста на бојската или специјалните безбедносни сили во операциите за контрола на дрогата се смета за ендемична за пристапот на земјата кон спроведувањето на законите поврзани со дрога.

Загрижувачки е тоа што во податоците на Индексот се нагласени широко распространетите прекршувања на човековите права направени во име на контрола на дрогата во рамките на казнено-правниот апарат, вклучително и насилство и тортура извршени од полицијата и произволни апсења и притворања, при што само мал број земји известиле дека тоа се ретки појави. Насилството од страна на полицијата се смета за ретка (или многу ретка) појава во само 6 земји (Костарика, Унгарија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Норвешка и Обединетото Кралство).

Во однос на правото на правично судење за лицата осомничени за прекршоци поврзани со дрога, можноста да им се гарантира фер судење, Северна Македонија е во групата од 12 земји со значителни ограничувања во пристапот до правично судење: Грузија, Гана, Кенија, Киргистан, Мексико, Мароко, Мозамбик, Непал, Северна Македонија, Русија, Тајланд и Уганда.

Индексот ги оценува достигнувањата на владите во однос на достапноста и употребата на алтернативи за апсење, обвинување, осудување и/или казнување за дела поврзани со дрога. Австралија, Јамајка, Нов Зеланд, Северна Македонија и Португалија добија највисоки оценки (85/100) во обезбедувањето алтернативи за апсење, обвинување, осудување и/или казнување.

Извор: ХОБС – Опции за здрав живот Скопје

Извор: www.globaldrugpolicyindex.net

фото: