Агенцијата за цивилно воздухопловство преку оглас бара советник/инструктор за воздухопловно-спортски дејности и воздухоплови без екипаж. Нуди почетна нето- плата од 83.000 денари.
Идниот советник може да има било кој факултет и работно искуство од три години во струката, а за да стане инспектор потребни му е искуство од пет години на соодветни задачи од областа на воздухпловството. Она што е најинтересно во огласот е дека идниот советник не мора да има дозвола за пилот на авион- туку може и да имал таква за едрилица, балон или падобран. Еве што конкретно стои во огласот на Агенцијата:
„Посебни работни компетенции: активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење, активно познавање на англиски јазик. Дополнителни услови: да има/л дозвола за пилот на авион (CPL или PPL), ултралесно летало, едрилица, крило за слободно летање, балон или падобран.“- стои во огласот на АЦВ.
Тоа се посебните компетенции коио треба да ги има за да конкурира за слободното работно место. Додека во општите работни компетенции покрај другото влегуваат и да има и стратешка свест.
„ Општи работни компетенции: решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг, учење и развој, комуникација, остварување резултати, работење со други/тимска работа, стратешка свест, ориентираност кон странките/засегнати страни и финансиско управување“- стои во огласот.
Огласот е распишан на 11 декември- во сабота- а трае до 25-ти месецов.
Отворени огласи за вработувањекои се во тек има и во други државни институции, и таму најмногу фалат раководители и советници.
Во Агенцијата за храна и ветеринарство се отворени 6 работни позиции, во Министерството за труд 10, Министерството за економија бара да пополни три работни места исто колку што бара и Агенцијата за вработување и Државното правобранителство. Според понудените полати највисока се нуди за Државен советник во Министерството за култура каде платата е 38.704 денари.
(А.С.)
Фото: jet.mk/