Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ. Избран е денеска на вонредните внатрепартиски избори со 37.649 гласови од членството.
Другите двајца кандидати беа Јован Деспотовски кој освои 3.319 гласа и Фросина Ременски која доби 2.836 гласа. Неважечки беа 602 ливчиња.
Ковачевски доаѓа на местото на Зоран Заев кој беше лидер на СДСМ од 2013 година и кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.
На денешните вонредни избори се гласаше на 194 избирачки места низ општинските организации во државата од 08.00 до 19.00 часот, со заокружување на редниот број на еден од тројцата кандидати за претседател на СДСМ кои се наоѓаа на гласачкото ливче, согласно жрепка за утврден редослед.
Димитар Ковачевски е роден 1974 година во Куманово. Доктор е на економски науки и вонреден професор на Факултетот за деловна економија и менаџмент на Универзитетот Американ колеџ – Скопје.