Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/21 8:16 PM

Заврши гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ

Гласањето на внатрепартиските избори во СДСМ заврши во 19:00 часот. На еден час пред затворањето на гласачките места, до 18:00 часот, на вонредните избори за претседател на СДСМ гласале 40.220 членови, односно 78,5 отсто од активно регистрираните.

Од СДСМ соопштија дека гласањето течело мирно, демократски на сите 194 гласачки места во сите 80 општини.

По затворањето на гласачките места во 19:00 часот и по обработка на податоците, Централната изборна комисија ќе ги соопшти резултатите од  вонредните внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, се наведува во соопштението од партијата.

Членовите на СДСМ денеска можеа да гласаат за Фросина Ременски, Димитар Ковачевски и Јован Деспотовски.

Зоран Заев беше избран за претседател на СДСМ во 2013 година. Во март годинава тој повторно беше реизбран на чело на СДСМ, но овој пат на непосредни внатрепартиски избори на кои можеше да учествува целото членство.

По вториот круг од локалните избори во октомври, Заев ја најави својата оставка од лидерската и од  премиерската функција.

фото-фб сдсм