Затворени три угостителски објекти во Гостивар, шест лица не поседувале сертификат за вакцинација – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/21 5:08 PM

Затворени три угостителски објекти во Гостивар, шест лица не поседувале сертификат за вакцинација

Полициски службеници од СВР Тетово во координација со инспектори од Државниот пазарен инспекторат, вчеравечер во период од 21:00 до 02:00 часот  извршија контрола во 12 угостителски објекти на гостиварското подрачје.

-Откриени се шест лица кои не поседувале сертификат за извршена вакцинација против коронавирусот и едно лице кое приложило сертификат од друго лице. Три угостителски објекти се времено затворени од Државниот пазарен инспекторат, информира Министерството за внатрешни работи.

Од МВР додаваат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.