Глигор Бишев: Само 0,5% од фирмите во Македонија се Акционерски друштва, тој процент треба да го зголемиме – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/21 5:00 PM

Глигор Бишев: Само 0,5% од фирмите во Македонија се Акционерски друштва, тој процент треба да го зголемиме

Потребно е да се врати ентузијазмот во бизнисот за бизнисмените, како што тоа го сторивме во фудбалот, изјави при гостувањето во емисијата Стадион, на Канал 77, првиот човек на Шпаркасе банка во Македонија, и активен чен во Стопанската Комора, Григор Бишев.

„Една од активностите во рамките на Стопанската комора почнувањето со обуките на меки вештини-Како успешно да управувате со ризикот за да успеете.Од тука една од пораките е ако се сака успешност, конкуренција, економски раст, мора да се прифати одредено ниво на ризик.

Тоа е еден од начините да го вратиме тој ентузијазам. Друг начин да го вратиме тој ентузијазам е користење и форсирање во јавноста на позитивните примери како во спортот,“вели Бишев.

Тој вели дека во Македонија, 97% од компаниите се ДОО или ДОЕЛ, Акционерските друштва се само 0,5%. Токму поради тоа овие компании што припаѓаат во тој процент од 97%, треба да ги зголемат своите амбиции и ентузијазам и да се свртат кон една современа корпоративна култура.

„ 90% од банките во Македонија се во странска сопственост, главно од ЕУ, каде што се дава поддршка на реалниот бизнис. Тие го следат реалниот бизнис и во македонија особено проектниот бизнис. Вие кога имате добар проект, не треба да имате биланси, треба да имате проекција, знаење и идеи и да докажете како таа идеја ќе ја операционализирање,“ изјави Бишев.

Целиот разговор, проследете го во видеото

Глигор Бишев :