Поради објавено видео со порнографска содржина, коешто се прошири на социјалните мрежи во БИХ, советникот на Партијата за демократски напредок (ПСП) во Собранието на Бања Лука, Иван Бегиќ се повлекува од политиката.
Станува збор за снимка која не ја објавила ниту еден медиум во Босна и Херцеговина, но е испратена до многу новинари и јавни личности. Видеото кружи во приватни групи на Viber, Messenger и други апликации, а доказ е дека сајбер-малтретирањето се користи и за политички цели, пишува Klix.ba
Бегиќ решил се` да објави, свесен дека снимката наскоро би можела да биде објавена на интернет.
„По повеќемесечни уцени, психичко малтретирање и закани, денеска беше објавено моето приватно видео кое преку партиските бази на нашите противници се испраќа до граѓаните и се шири на социјалните мрежи. Поради истото видео од мене се бараа половина милион конвертибилни марки (250.000 евра). „Ситуацијата наеднаш се влоши. Поради сето ова денеска повторно одам на психијатар и не се чувствувам добро“, рече Бегиќ.
Тој додава дека за валканата игра на политичките противници говори и тоа што видеото им било испратено на неговите родители на кои здравствената состојба им била сериозно нарушена.
„Иако верувам дека секој има право на приватен живот, свесен сум за одговорноста што ја имам како јавна личност, затоа се повлекувам од политиката, го предавам советничкиот мандат и заминувам од ПДП“, рече тој.
извор- Klix.ba
форо-фб