Нови 377 позитивни на КОВИД-19, починале вкупно 13 заболени – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/21 3:25 PM

Нови 377 позитивни на КОВИД-19, починале вкупно 13 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.608 тестирања, а регистрирани се 377 нови случаи на КОВИД-19.

Во Скопје – 164, Кавадарци – 31, Прилеп – 30, Битола – 24, Охрид – 16, Велес – 15, Куманово – 11, Штип – 10, Кичево – 9, Тетово – 7, Струмица и Крива Паланка – по 6, Радовиш и Валандово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Неготино, Делчево и Богданци – по 4, Свети Николе, Ресен и Кратово – по 3, Кочани, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Струга, Пробиштип и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 307 оздравени пациенти .

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 5 починати лица од Скопје (63г, 82г, 85г, 85г и 87г) и по едно починато лице од Куманово (61г), Охрид (58г), Битола (67г), Штип (66г), Струмица (62г), Крива Паланка (78г) и Виница (69г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице со датум на смрт 06.12.2021. Регистрираното починато лице е од Скопје (1). Починатото лице е на возраст од 92 години. Лицето е починато во болнички услови.