Лабуништа, Подгорци и Боровец 30 часа без струја, од МЕПСО велат дефектот е одстранет – ММС
ММС

Објавено на: 12/12/21 12:13 PM

Лабуништа, Подгорци и Боровец 30 часа без струја, од МЕПСО велат дефектот е одстранет

Речиси 30 часа жителите на струшките села Лабуништа, Подгорци и Боровец немаат електрична енергија. Револтирани реагираат дека при снежна покривка и од пет центиметри овие села имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија.
Снежната покривка што вчера ја зафати земјава во струшко Лабуништа достигнала над 20 центиметри.

„ Патиштата се исчистени, немаме проблем со непроодност, но при најмал снег ние немаме електрична енергија, а тоа повлекува проблем во мобилната мрежа и прекин во интернетот. Да не зборуваме колкава штета се прави со апаратите за домаќинство и храната во замрзнувачите, вели лабуништанец.

Поради дефект на 110 киловолтните далекуводи на АД „МЕПСО“, „Битола Ресен“ и „Вруток-Шпиље“ вчера околу три часа без елетрична енергија останаа: Охрид, Струга, Ресен Дебар и околните населени места. Од МЕПСО соопштија дека дефектите се отстранети и од нивна страна е обезбедено редовно напојување. Но и покрај ова повеќе струшки села останаа без струја, дел добија доцна синоќа.

миа