MВР, УЈП и ДПИ затворија неколку угостителски објекти во Скопје – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 7:25 PM

MВР, УЈП и ДПИ затворија неколку угостителски објекти во Скопје

Во координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење има нерегуларности.

Како што соопштија од МВР, во угостителски објект на улицата „Јордан Мијалков“ при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки. Приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се  две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација, за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.

Во угостителски објект кај нова железничка станица, при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Констатирано е дека има нерегуларности во готовинскиот промет, за што ќе биде изречена парична глоба. Во објектот не се почитувал законот за пушење, не се постапувало по здравствени протоколи, затекнати биле лица без сертификат, при штоќе бидат изречени прекршочни глоби,а објектот привремено е затворен.

Во угостителскиот објект на улицата „Анастас Митрев“ евидентирана е разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки, шест лица не поседувалет сертификат за вакцинација, три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа и објектот привремено е затворен.

За неиздавање фискални сметки и затекнати лица без сертификат за вакцинација затворени се уште два угостителски објекти на улицитеа „Св.Климент Охридски“ и на „8 Септември“, а ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба.