Над 50 лица загинаа во разорното торнадо во Кентаки, уште се трага по исчезнатите – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 6:43 PM

Над 50 лица загинаа во разорното торнадо во Кентаки, уште се трага по исчезнатите

Разорното торнадо кое во петокот помина низ 4 држави, во сојузната држава Кентаки-САД, остави зад себе десетици мртви и градови уништени до темел. Се претпоставува дека има над 50 загинати. Фотографиите и снимките од погодените подрачја покажуваат катастрофални последици. „Половина од градовите во западен Кентаки-исчезнаа. тешко е да се верува“, изјави гувернерот Енди Бешар, кој рече дека продолжува потрагата по преживеани и проценките на штетата и прогласи вонредна состојба во Кентаки.

Има сознанија дека станува збор за едно торнадо кое уништувајќи се пред себе минало далечина од 250 милји односно 400 километри на час.

Трасата на торнадото одела преку Арканзас, Мисури, Тенеси и Кентаки, што е најдолгото забележано во историјата и се претпоставува дека биле повеќе торнада на број.

Во Мејнфилд, едно од најпогодените подраја, меѓу другото, срушена е фабриката за свеќи во која во моментот на торнадото работеле над 100 лица, наведуваат американските медиуми. Па, се очекува дека официјалната бројка на загинати ќе е поголема од 50 кога ќе заврши потрагата по исчезнатите.

Дваесетина луѓе се заглавени во дом за стари лица во Арканзас откако се урнал покривот, а се верува дека заглавени работници има во складиште на „Амазон“ во Илиноис.

извор и фото: vecernji.hr