Масовен протест во Виена против локдаунот и вакцинацијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 6:00 PM

Масовен протест во Виена против локдаунот и вакцинацијата

Околу 44.000 луѓе излегоа на денешниот протест во Виена против сертификатите за вакцинација и воведените мерки против ковид-19. Десничарски екстремисти и демонстранти направија инцидент, јавуваат австриските медиуми,  а полицијата пријави напад врз минувачи и новинари со грутки сег и парчиња мраз. Виенската полиција објави дека неколку напаѓачи и демонстранти се уапсени.
За собирот биле ангажирани околу 1.500 припадници на полициските сили.

Во организација на пртотесдтот учествуваше Слободната партија на Австрија (ФПО), трета по гоемина во парламентот, чиј лидер Херберт Кикл одржа говор во кој го критикуваше локдаунот и вакцинацијата и рече дека владата на Австријците им нуди „карикатура од демократија“.

Демонстрантите носеа транспаренти „НЕ за задолжителната вакцинација“, „Подалеку рацете од нашите деца“ како и такви со кои се бара оставка на владата.

Фото: Profimedia