Најстарата ќерка на пионерскиот американски астронаут Алан Шепард, пионер на вселенски летови, се подготвува за денешниот лет до работ на вселената со комерцијалната ракета на Џеф Безос „Blue Origin“, 60 години по историскиот суборбитален лет на нејзиниот покоен татко, на самиот почетокот на ерата на вселенските истражувања.
Лора Шепард Черли (74) била дете кога нејзиниот татко за првпат отишол во вселената и е една од шесте лица кои полетаа во 8:45 часот по централно-американско време од локацијата за лансирање во близина на руралниот град Ван Хорн во Западен Тексас.
Шестчлениот екипаж ќе лета во капсулата на целосно автономното вселенско летало наречено Њу Шепард, дизајнирано да се искачи на висина од околу 106 километри, а потоа да се врати на Земјата.
Целиот лет, од лансирање до слетување, се очекува да трае нешто повеќе од 10 минути, а екипажот ќе доживее неколку минути бестежинска состојба на врвот на суборбиталниот лет.
Леталото е именувано по Алан Шепард, кој влезе во историјата во 1961 година како втор човек во светот и првиот Американец кој патувал во вселената со еден од првите вселенски бродови, оригиналниот Меркур 7 на НАСА.
Извор:rtv.rs