Разрешен директорот на штипската гимназија Јамаковски – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 1:59 PM

Разрешен директорот на штипската гимназија Јамаковски

Училишниот одбор на СОУ „Славчо Стојменски“ од Штип,на вчерашната седница го разреши директорот Тамер Јамаковски.  На негово место треба да биде даден предлог за в.д. директор. Јамаковски ова на јавноста самиот го соопшти, што денеска го потврдија од Општина Штип, каде како што најавија, се очекува во понеделник да биде имануван в,д, директор. Разрешувањето на Јамаковски е на првата седница со новиот состав на Училишниот одбор. чии членови беа сменети со промената на општинската власт и преземањето на раководењето од страна на ВМРО ДПМНЕ.

Ова е првата директорска смена во образовните институции во Штип. Јамаковски, напиша дека одлуката ја добил на два дена пред почеткот на најголемиот проект, а тоа е промената на покривната конструкција.

Разрешувањето се случува една недела откако Јамаковски јавно прозборе, за како што изјави, најдиректните протисоци и закани до Училишниот одбор.

-Сакам да ја информирам јавноста дека со грубо прекршување на законски прописи, деловник за работа и други прописи, со најдиректен притисок и закани кон членовите на Училишниот одбор и на Советот на родители од страна на новата локална власт и кабинетот на градоначалникот се настојува да бидам разрешен, иако за тоа нема никаков основ. Со ова целосно се наршува работната атмосфера во колективот, со омаловажување на кадарот, рече Јамаковски пред новинарите (03.12.2021).

–Точно дека пред неколку недели добивме известување од страна на Државниот просветен инспектор за утврдени неправилности во работата на директорот на горенаведеното училиште, меѓутоа законот е доста јасен и до детали ги определува чекорите кои следуваат. Откако ќе добиеме официјално известување од страна на Училишниот одбор, Општина Штип ќе даде конкретен одговор на тоа што директорот го презентира во неговата прес-конференција. Детали околу овој случај, може да даде Училишниот одбор на СОУ „ Славчо Стојменовски”- Штип, одговорија од писменото соопштение од Кабинетот на Градоначалникот на Општина Штип.