Неверојатни 62 милиони долари инкасира годишно Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес во Формула 1 – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 11:00 AM

Неверојатни 62 милиони долари инкасира годишно Луис Хамилтон, возачот на Мерцедес во Формула 1

Формула 1 е еден од најатрактивните и најскапите спортови во светот. Стотици милиони евра се вртат околу најбрзиот циркус на планетата, а нивните актери се меѓу најплатените спортисти во светот. Прв по заработувачка е секако возачот на Мерцедес, актуелниот шампион Луис Хамилтон, кој само од годишната плата и бонусите инкасира неверојатни 62 милиони долари. Неговата годишна плата е 55 милиони, додека дополнителни седум милиони добива по основ на бонуси.

На второто место е неговиот најголем ривал Макс Верстапен од Ред Бул. Тој има годишна плата од 42 милиони долари. Бонусите се вклучени во платата.

На третото место е славниот Шпанец Фернандо Алонсо, кој заработува 25 милиони долари годишно.

Топ 10 најплатени Ф1 возачи се:

1. Луис Хамилтон – 62 милиони долари 2. Макс Верстапен – 42 милиони долари 3. Фернандо Алонсо – 25 милиони долари 4. Серхио Перез – 18,5 милиони долари 5. Себастијан Фетел – 15 милиони долари 6. Шарл Леклер – 12 милиони долари 7. Валтери Ботас – 11 милиони долари 8. Даниел Рикардо – 11 милиони долари 9. Ландо Норис – 9 милиони долари 10. Карлос Саинц – 8 милиони долари

За споредба, годишната плата на Лаонел Меси е 41 милион долари, додека фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо заработува близу 30 милиони долари за една година.

извор и фото: Курир.рс