Добивме историска шанса за влез во ЕУ и не треба да ја пропуштиме – порача Заев од Крива Паланка – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 3:14 PM

Добивме историска шанса за влез во ЕУ и не треба да ја пропуштиме – порача Заев од Крива Паланка

За камапањата за претстојниот референдум СДСМ нема проекција колку пари ќе потроши,но парите од буџетот за таа намена единствено ќе бидат наенети за закуп на медиумски простор – вака одговори премеирот Заев на новинарско прашање, колку пари партијата ќе потроши за референдумската кампања ,при денешната посета на Крива Паланка по повод празникот Успение на Пресвета Богородица во манастирот Свети Јоаким Осоговски.

– Би сакал да расчистиме со некои нејасни работи,тоа не се пари кои ќе се делат на пратеници,како ќе се распределат тие средства зависи од тоа кој е „за“ а кој е „против“ референдумот,согласно од тоа како ќе се изјаснат самите пратеници,истакна претседателот на Владата.

Премиерот потенцира дека СДСМ за претстојниот референдум ќе се обиде да влезе во коалиција со многу политички партии па врз основа на тоа ќе биде и висината на буџетот на коалицијата.

-Не верувам дека ќе бидат потребни повеќе од 300 до 400 илјади евра,зашто и референдумот не е како парламентарните избори,нема толку многу трошоци и не треба многу пари за кампања,изјави Заев.

На новинарско прашање дали е законски политичките партии да повикуваат на бојкот за референдумот, тој истакна дека како премиер сака да обезбеди една демократска процедура за секој да може да си го каже својот став и дека сите теба да бидеме свесн пред како што рече, историската одлука и да не ја пропуштиме шансата која тешко повторно ќе ни се даде.

-Сите наши граѓани се мноу свесни за иднината на нашата земја како што се грижиме како родители за нашите деца имаме обврска да се грижиме и за иднната на нашата земјам верувам дека во една пријатна атмосфера граѓаните ќе си донесат одлука и така ќе постапат според неа,рече Заев.

Со почетокот на септември,почнувањето со работа на Парламентот Заев рече дека стојат на располагање да се сретнат со Мицквски,бидејќи според него, секогаш има потреба шефот на опозицијата и претседателот на Владата да имаат средби.

-Се’ уште не гледам некоја потреба за ова прашање но знам дека ќе има понатаму секако ќе ми биде задоволство да се видиме,порача премиерот.

Заев истакна дека не треба да се пропушти ваквата историска шанса зашто после 27 години се постигнува ваков чувствителен договор со Грција,кој ни ги отвора вратите кон ЕУ,перспективи,економски просперитет и затоа тој верува дека со гласот на граѓаните „за“ ќе се обезбеди двотретинското мнозинство за продолжување на формално правните процедури во Парламентот.

 

Билјана Тошевски