На Попова Шапка најстудено, минус 6 степени и снежна покривка од 85 сантиметри – ММС
ММС

Објавено на: 12/11/21 10:16 AM

На Попова Шапка најстудено, минус 6 степени и снежна покривка од 85 сантиметри

Најмногу снег наврна на Попова Шапка каде утринава до седум часот висината на снежната покривка изнесува 85 сантиметри, додека во Маврово и во Лазарополе се наврнати 26 сантиметри.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, во Пожаране паднаа 17 сантиметри снег, а во Претор четири.
Најстудено утринава е во Попова Шапка каде беа измерени минус 6 степени, по што следуваат Скопје-Зајчев Рид, Лазарополе и Маврово со -2 , -1 степен е измерен во Крушево, нула во Скопје-Петровец, Охрид, Претор, Прилеп и Берово, 1 во Битола, Крива Паланка, Струмица, Гевгелија и Куманово, 3 во Дебар, 4 во Виница, Штип и Демир Капија.
За денес се најавува облачно време со пообилни врнежи од дожд. На повеќе места ќе наврнат над 25 л/м2, а локално и над 40 л/м2 воден талог. На планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка. Максималната температура ќе биде од 3 до 10 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно преку целиот ден со врнежи од дожд, максималната температура ќе достигне до 5 степени.