Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја објавија празничната честитка – Поинаква од сите претходни – ММС
ММС

Објавено на: 12/10/21 9:01 PM

Кејт Мидлтон и принцот Вилијам ја објавија празничната честитка – Поинаква од сите претходни

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на социјалните мрежи споделија фотографија која е дел од овогодинешната божиќна честитка, а во неа е вклучена и далечна авантура.

Оваа фотографија е направена за време на одмор во Јордан, а кралското семејство позира во пустински пејзаж. Принцот и војвотката носат неутрални маслинести тонови, додека принцот Џорџ има маскирна кошула на фотографијата.

Принцезата Шарлот и малиот принц Луис избраа слични нијанси на сино за фотографијата, а принцот и војвотката под фотографијата напишаа:

– Драго ни е што можеме да споделиме нова семејна фотографија која е дел од овогодинешната божиќна честитка.

Јордан е многу важно место за семејството. Кејт Мидлтон живеела таму две години со своето семејство, како дете, додека нејзиниот татко работел за „British Airways“. Како член на кралското семејство, принцот Вилијам го посети Јордан, кој е дел од Британскиот Комонвелт од 2018 година, пишува „Вог“.

Оваа честитка се разликува од традиционалните семејни честитки од претходните години, од кои повеќето се снимени во нивниот дом.

Извор: Курир.рс