ВМРО-ДПМНЕ ја подготвува програмата која што ќе биде презентирана пред граѓаните наскоро. ВМРО-ДПМНЕ во својата програма предвидува сериозни решенија на сериозни егзистенцијални и реални проблеми на граѓаните, најави денеска од берово, партискиот лидер, Христијан Мицкоски.
ВМРО-ДПМНЕ не ја базира програмата на гол наратив на популистички ветувања кои што се ветуваат и даваат пред изборните кампањи а потоа се бега како „ѓавол од темјан“ за нивна реализација, ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што стои на зборот и она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го стави и ќе биде дел од нејзината програма ќе го реализира. Промени се потребни во нашата држава, а Македонија ќе победи, додаде Мицкоски.