Некогашниот „вајлд ресивер“ на Денвер Бронкос, Хјустон, Њу Ингланд Пејтриотс и Њујорк Џетс, Демариус Томас (33) бил пронајден мртов во својот тим, а полицијата засега наведе дека причината е од медицинска природа.
Томас го освои Суперебоулот со Денвер Бронкос во 2015 година, а тимот од Колорадо го драфтуваше во 2010 година.
Во Денвер Томас одигра осум сезони и беше еден од најважните играчи на тимот, односно втор во историјата на Бронкос по претрчани јарди и фатени тачдауни.
Починатата НФЛ-ѕвезда рано оваа година соопшти дека ќе ја заврши кариерата.
Тој беше многу поврзан со кошаркарот Џими Балтер и затоа најголемиот број на пораки со сочуство на социјалните мрежи ги имаа токму фановите на НБА-лигата.
извор: Nova.rs
фото: cbcsports.com