Нема да биде крај на светот доколку Велика Британија не постигне договор со Европска унија за Брегзит – сметка британската премиерка,Тереза Меј
Според британскиот министер за финансии, Филип Хамонд, Меј всушност ја повторила изјавата на директорот на Светската трговска организација за излезот на Велика Британија од ЕУ без договор, кој наведе дека тоа „нема да биде лесна прошетка но, нема да биде ниту крај на светот“.
Меј инаку, додаде дека Владата е подготвена за сценарио во кое нема да биде постигнат со ЕУ, бидејќи за сега не знаат каков ќе биде исходот од преговорите. Таа изјавата ја даде пред да отпатува за Африка, каде планира да ја интензивира трговската размена со Велика Британија пред Брегзит.
Премиерката денеска пристигна во Кејптаун, каде ќе се сретне со претседателот на Јужна Африка, Сирил Рамапоса, а потоа ќе ги посети Нигерија и Кенија. Во делегацијата на Меј се вклучени и 29 британски бизнисмени.