Антиваксерите не се бројни, ама се многу гласни – за СЗО медиумите се алатката во вакцинацијата – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 7:01 PM

Антиваксерите не се бројни, ама се многу гласни – за СЗО медиумите се алатката во вакцинацијата

Луѓето кои шират дезинформации не треба да имаат простор во медиумите, кои ја играат клучната улога во вакцинацијата против ковид. Ова е став на Олха Изхик, технички службеник за комуникација за ризици и соработка со заедницата, во Регионална канцеларија на СЗО за Европа.

Според Изхук, медиумите ги имаат потребните алатки за да зборуваат за процесот на вакцинацијата и за придобивките од неа. Она што треба дополнително да се направи е да се разговара со луѓето за тоа што најмногу ги загрижува луѓето, да се разјаснат прашањата и да им се помогнеме да ја решат нивната загриженост.

-Немаме стриктна поделба на луѓе кои се за или против вакцинација. Има луѓе кои се двоумат и нашата работа е да ги пласираме вистинските информации за вакцините, кои се придонесите, ризиците, кои иако минимални, тие постојат, вели Изхук.

Во однос на прашањето што влијае врз процесот на вакцинација, рече дека нема универзален одговор, туку е сплет на фактори и секој игра улога во овој процес.

-Наместо да се обвинува, треба да разговараме. Не сакам да зборувам за антиваксерите, но знам дека тоа се луѓе кои се многу гласни, а не се многу на број и прават многу врева. Во овој случај медиумите не треба да им даваат простор на тие што шират дезинформации, со цел да не им се даде можност да го користат јавниот простор за дезинформации, кажа Олха Изхик.