„Ужасно ми е тешко“ – Трагедија во семејството на актерката Весна Бејби, почина татко и – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 3:04 PM

„Ужасно ми е тешко“ – Трагедија во семејството на актерката Весна Бејби, почина татко и

Актерката Весна Бејби Петрушевска го загуби татко и Кирил, нејзината голема поддршка. Таа пред малку на свото Фејсбук профил ја соопшти веста за загубата, дека нејзнинот „деди“ починал утрово во 6.30 часот. .
-Ужасно ми е тешко и нема никогаш да престане да ни недостасува твојата широка насмевка, исклучителниот дух и несебичната љубов.Те сакам тато. Те сакам затоа што беше нежен со нас,со внуците Ема, Јана, Мина и Кирил ,со зетот Џоле ,со Вики. Ќе ми недостасува восхитот на љубовта која ја имавте со мама, вечни тинејџери и прва љубов која инспирираше. Те сакаме бескрајно. Нека ти е светол патот татичко одмори се, напиша таа.
Кирил Петрушевски, татко на акетрката Весна Бејби
Татко и на Весна, Кирил Петрушевски нависни беше мил лик и голем љубител на живтоните, која ја пренесе и на неговите ќерки Весна и Маја, секако го поддржуваше и сопругата Сашка.
Погребот, информира таа, ќе биде во сабота, а посмртните останки во една од капелите во Бутел од  12-13 часот.