Нови 168 случаи на ковид-19, оздравеа 275 пациенти, а починаа седум – ММС
ММС

Објавено на: 12/9/21 3:22 PM

Нови 168 случаи на ковид-19, оздравеа 275 пациенти, а починаа седум

Сто шеесет и осум нови случаи на ковид-19 се регистрирани во последните 24 часа,  соопшти Министерството за здравство, според податоците од Институтот за јавно здравје.  Направени се 1.478 тестирања, регистрирани се 275 оздравени пациенти, а починаа седум лица.
Од новодијагостицираните случаи, во Скопје се 110, Кавадарци и Кочани по 9, Гевгелија – 7, Битола – 5, Куманово, Прилеп и Охрид – по 3, Струга, Неготино, Македонски Брод и Дојран – по 2, Тетово, Гостивар, Струмица, Кичево, Свети Николе, Ресен, Берово, Делчево, Виница, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Од оздравените 275 пациенти, од Скопје се 90, Битола – 26, Прилеп – 24, Кавадарци – 22, Берово – 18, Струмица – 13, Кочани – 11, Тетово – 10, Велес – 7, Валандово – 6, Куманово, Неготино и Радовиш – по 5, Гевгелија – 4, Штип, Крива Паланка, Делчево, Кратово и Пехчево – по 3, Виница, Пробиштип, Крушево и Македонски Брод – по 2, Гостивар, Свети Николе, Ресен, Дебар, Богданци и Демир Хисар – по 1.
Од седумтемина починати лица, четири се од Скопје (71г, 69г, 59г и 55г) и по едно лице има од Велес (67г), Струмица (65г), Штип (77г). Сите се починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 1.493.451 тестирања на Кквид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица од почетокот на епидемијата изнесува 218.362, бројот на оздравени пациенти е 204.960, на починати е 7.695, а на активни случаи изнесува 5.707.