Градоначалниците на овие четири општина се сретаа во Штип, за да разговараат околу можностите за развивање на територијата на Локалната акциска група(ЛАГ) Плачковица, односно за дефинирање и утврдување на приоритетите во развивањето на овој микрорегион.
На денешната средба донесена е одлука за формирање на едно меѓусекторско тело помеѓу четирите општини, на коешто ќе се развиваат идните концепти, идеи произлезени од потребите на граѓаните, како и нивна реализација.
Туризмот и потенцијалите за развој на туризмот беше една од темите.
„Развој на алтернативниот туризам, производство на храна, селски туризам, како концепт и поврзување и комуникација меѓу самите општини. Развој на спортско-едукативните активност во рурални средини,“ се дел од можностите кои што можат да добијат поддршка и развој, образложи Столе Ѓорѓиев од ЛАГ Плачковица.
Две од овие општини, Штип и Карбинци припаѓаат на Источно -планскиот регион, Радовиш и Конче на Југоисточниот, но Плачковичко-лакавичкиот регион четирите општини ги обединува во Локална акциска група Плачковица.
Мрежата за рурален развој е носител на оваа програма, во рамките на проектот „Развој на заедниците“, поддржан од УСАИД.
„За реализирање на проектите кои што ќе произлезат како заеднички во овие четири општини тие ќе добијат и морална и материјална помош. Програмата располага со одредени средства коишто ќе бидат дел од поддршката на овие интервенции, но секако ќе се очекува вклучување и на сите ресурси, општините и бизнис заедницата.Тој сооднос би се движел до 40 %, но ќе зависи и од проектот, од обемот и интересот на другиот партнер “ изјави Петар Ѓорѓиевски од Мрежата за рурален развој.
Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов ќе се вклучат и ја поздравуваат оваа иницијатива во која што ќе се вклучат првично со прибирање на идеи, разработка на проекти, како и реализација на тие проекти.
„Ќе се обидеме да иницираме вклучување и на други чинители, бизнис заедницата, медиумите, да бидат дел од оваа програма,“ изјави Јорданов.
Преку реализирањето на овој проект се очекува подобра мобилизација на локалните чинители и ресурси во осмислувањето и имплементација на решенијата за проблемите на заедницата и во искористувањето на можностите за развој.