Додека македонската јавност се’ уште ги очекува одговорите на прашањата за тоа што беше причината за пожарот во тетовската модуларна болница во кој настрадаа 14 пациенти, од Светската здравствена организација(СЗО) најавија увид.
Ова беше потврдено на онлајн разговорот со новинарите со претставниците на СЗО,во организација на НВО инфоцентар.
-За наредната недела организираме доаѓање на мисија на СЗО, која ќе направи увид на модиларните болници. Исто така ќе биде одржана и еднодневна обука за поддршка со кислород, рече Арта Кули, национална службеничка за итни состојби во канцеларијата на СЗО.
Кули не даде повеќе информации околу видот на мисијата и причината за посетата на модуларните болници, од кои некои од нив се’ уште се во функција, додека повеќето не се користат.