Шпанскиот тенисер, Давид Ферер му го предаде мечот на Рафаел Надал вo 1.коло од УС Опен во САД при резултат 3:6 и 4:3 и ја заврши кариерата на Грен слем турнирите.
Триесет и шестгодишниот, Ферер се повлече од мечот поради повреда на раката.
Шпанецот претходно објави дека американскиот Грен слем е последен во неговата кариера и дека официјално ќе се пензионира на турнир на домашен терен следната година.
Искусниот тенисер за време на неговата кариера освои 27 титули во АТП и заработи над 31 милион евра парични награди.