Тешко одат преговорите меѓу Атлетико и ПСЖ околу трансферот на Филипе Луис – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 10:17 AM

Тешко одат преговорите меѓу Атлетико и ПСЖ околу трансферот на Филипе Луис

Трансферот на дефанзивецот на Атлетико Мадрид, Филипе Луис во ПСЖ е сериозно доведен во прашање – објави „Марка“. Како што се наведува во шпанскиот весник, клубовите не можат да се договорат за условите на договорот за 33-годишниот Бразилец.

Според изворот, Атлетико бара 20 милиони евра, а францускиот шампион не е подготвена да плати таква сума.

Парискиот клуб во последните денови од трансфер прозорецот може да се префрли на Рафаел Гереиро од Борусија Дортмунд.