Адел во живо ќе може да ја слушаат само вакцинирани – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/21 6:20 PM

Адел во живо ќе може да ја слушаат само вакцинирани

Една од најпопуларните британски пејачки, Адел, пред неколку дена објави дека ќе биде резидент во познатиот хотел „Цезар Палас“ во Лас Вегас, каде од 21 јануари ќе има два настапи неделно со наслов „Викенди со Адел“.

Многу нејзини обожаватели нема да можат да ја слушнат во живо, со оглед на тоа што 33-годишната пејачка со организаторите донела одлука на концертите да можат да присуствуваат само оние кои се вакцинирани и имаат негативен ПЦР тест за коронавирус.

„Организаторите бараат сите да бидат целосно вакцинирани (поминати 14 дена од ревакцинацијата) против корона вирусот и да имаат негативен ПЦР тест не постар од 48 часа. Потребни се двете потврди за да може да се присуствува на концертот“, беше објавено на сајтот за продажба на билети „Тикетмастер“.

Од друга страна, Сер Род Стјуарт (76), кој настапува во истиот простор, не го ограничи своето присуство во публиката во зависност од вакцинацијата, а засега е така и со концертите на Стинг (70) закажани за јуни.

Претходно, Адел во интервју откри дека ја одложила големата турнеја на која планирала да го промовира својот нов албум „30“, поради пандемијата која не згаснува.

„Сè е премногу непредвидливо, со сите овие правила. Не сакам никој да дојде на мојот концерт со страв. И јас не сакам да добијам ковид“, рече таа.

Извор: Вјести.ме