Анри и Бордо не се договорија – ММС
ММС

Објавено на: 08/28/18 10:08 AM

Анри и Бордо не се договорија

Францускиот прволигаш Бордо и поранешниот репрезентативец на таа земја, Тјери Анри не се договорија околу преземањето на тренерската функција.

Како што објави „Л’Екип“ двете страни не можеа да ги усогласат ставовите околу условите за реализација на трансферот.

Анри наводно побарал плата од 200 илјади евра месечно, а раководството на Бордо не било подготвено да го ангажира за таа сума, а како аргумент било посочено неговото тренерското неискуство како шеф на стручен штаб.

Бордо е во потрага по нов тренер по отстранувањето на Густаво Појет кој имаше конфликт со управата на клубот.