Новогодишна елка висока три метри е поставена на еден од најголемите пунктови за вакцинација во Романија. Интересно е што оваа елка е направена во голем дел од празни шишиња од Фајзер вакцините.
Дрвото е направено од вкупно 19.000 празни шишиња кои се осветлени со ЛЕД светилки. Идејата за оваа декорација се родила во март 2021 година, а персоналот на проектот ја изработува од ноември.
Од таму велат дека некогаш останувале и до два часот наутро после работното време, за да ја направат елката.
„Стеблото е изработено претежно од празни шишиња од Фајзер вакцината кои ги собираме од 1 март 2021 година. Приближно 19.000 шишиња се искористени за да се направи. Долното ниво е направено од шишиња од вакцината Модерна, а подароците по елката се од вакцините Џонсон и Џонсон“, изјави за АП д-р Раду Кристијан, координатор на центарот за вакцинација, додавајќи:
„Им благодариме на сите што ја примија вакцината овде. На овој начин сакаме да покажеме колку сме благодарни што го избраа нашиот центар, а тоа се 200.000 лица“, додаде тој.
извор: Мондо.рс