Се носам со тоа како знам и умеам – Жељко Самарџиќ прозборе за автоимуната болест – ММС
ММС

Објавено на: 12/8/21 1:30 PM

Се носам со тоа како знам и умеам – Жељко Самарџиќ прозборе за автоимуната болест

Пејачот Жељко Самарџиќ пред осум години дознал дека има проблеми со тироидната жлезда, поради што лекарите го советувале да го промени начинот на живот и да се посвети на своето здравје. Тој ги послушал и почнал повеќе да се грижи за себе, а сега зборува како се справува со болеста.
– Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која создава повремени проблеми, но штом почнам со редовни терапии, тогаш се е во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа. Жените најчесто се разболуваат од таа болест, но еве ми се случи и се справувам со тоа како што знам и умеам. Подоцна дознав дека многу мои пријатели имаат Хашимото синдром, а јас сум го имал долго време без воопшто да знам – изјави Жељко.

Беше интересен о имиџот, со мустаќите, за кои вели дека морал да ги избричи поради здравствени причини.

– Мустаќите ги нема, а можеби еден ден ќе се вратат. Беше интересно, а потоа имав некои проблеми со кожата, па ми пречеше бричењето. Сега кога ги гледам тие слики, морам да кажам дека прилично ме остареа – низ насмевка изјави пејачкот.

Извор: www.novosti.rs

Фото: Инстаграм