За период од речиси шест часа, Полицијата привела дури 17 лица. Кај нив била пронајдена дрога.Приведените се од Македонија, Косово и Србија. Сите 17 лица се приведени во С.Ц ,,Борис Трајковски“, биле на исто место, на журка.
„Во периодот од 22.30 часот на 07.12.2021 до 02.50 часот на 08.12.2021 во Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 15 лица, и тоа Ѓ.Б.(24) од Србија, Л.К.(18) од Скопје, В.А.(38) од Гевгелија, М.Ѓ.(20) од Битола, Б.Н.(22) од Свети Николе, В.Х.(23) од Скопје, Д.Т.(23) од Косово, А.С.(25) од Скопје, Љ.В.(30) од Косово, Ѓ.Д.(18) од Велес, К.М.(23) од Штип, М.Н.(18) од Штип, С.Т.(25) од Скопје, Б.С.(20) од Скопје и Љ.Ј.(20) од Скопје. При преглед кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, повеќе видови таблети и пакувања со тврда материја,“ информираат од МВР.
Еден час порано на истото место приведени се две лица, едното од Косово, другото од Куманово.
„На 07.12.2021 во 21.30 и 21.35 часот, пак, на паркинг простор на Спортски центар „Борис Трајковски“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Л.К.(20) од Косово и Н.В.(25) од Куманово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. Сите 17 лица биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Синоќа во СЦ „Борис Трајковски “ се одржуваше фестивалот Таксират.